Општина Делчево продолжува со дезинфекција на јавните површини

Објектите за колективно домување во Делчево започнаа со дезинфекција на влезовите,скалите и на заедничките простории што ги користат станарите. Со цел да им се излезе пресрет на куќните совети, Општина Делево во соработка со ЈКП „Брегалница“ обезбеди доволни количини средства за дезинфекција, па дел од куќните совети ја искористија оваа можност и со соодветни садови и почитувајќи ги мерките за употреба на средствата, добија дезинфициенси од ТППЕ Делчево. Во таа смисла се информираат и останатите претставници од куќните совети во Делчево, доколку не можат да обезбедат средства за дезинфекција, потребно е да се јават во ТППЕ во Делчево.

Во текот на денешниот, а согласно со Заклучоците од Главниот координативен штаб  се задолжија сите одговорни лица во маркетите, продавниците, аптеките, банките и сл, кои работат на територијата на Општина Делчево, да постават нагазни патеки(флекери) на влезот во нивните објекти кои ќе  бидат натопени со соодветно средство за дезинфекција на обувки, како на купувачите, така и на вработените. Исто така, сите институции, банки, пошти, наплатни центри е потребно да врша дезинфекција на своите објекти.

Мерката за редовно миење и дезинфицирање на улиците продолжува и денеска со миење на улиците во селото Ѕвегор. За утре е најавено темелно миење и дезинфицирање на ГП Делчево.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст