Дезинфекција на јавните површини и урбаната опрема

Следејќи ги одлуките на Владата, а согласно со заклучоците од Регионалниот кризен штаб, Општина Делчево продолжи со имплементација на мерките за дезинфекција на јавните површини и објекти. Екипи на ТППЕ од Делчево од утрово вршат дезинфекција на влезовите и вратите на објектите, трговски дуќани, маркети, аптеки и др. објекти каде има поголема фреквенција на луѓе. Исто така, денеска во тек е дезинфекција на парковите, детските игралишта, каде се врши дезинфеција и на урбаната опрема.

Општина Делчево во континуитет презема мерки за превенција на појавата и ширењето на појавата на заразата од коронавирусот, во таа смисла повторно се апелира да се почитуваат одлуките на Владата и да не се излегува без итна потреба од дома.

Согласно со заклучоците на Регионалниот кризен штб, Општина Делчево уште еднаш информира дека градскиот зелен пазар и сточниот пазар утре ќе бидат затворени.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст