Повторна дезинфекција на урбаната опрема и јавните објекти

  • Новости

Општина Делчево продолжува со превентивните мерки за заштита од појава и ширење на заразата од коронавирусот на територијата на Општина Делчево. За таа цел во текот на денешниот ден е извршена дезинфекција на продавниците и јавните објекти по селските средини, каде вообичаено има поголема фреквенција на луѓе. Дезинфекцијата ја вршеа екипи од ТППЕ со дезинфекциско средство раствор од хлор, а акцијата се одвиваше во селото Разловци,Тработивиште, Вирче, Град, Стамер, Габрово и Ѕвегор.

Во попладневните часови ќе се врши дезинфекција на влезовите, скалите и на заедничките простории кои се користат од станарите во колективните згради за домување во Делчево.

Исто така, екипи на ЈКП „Брегалница“ извршија дезинфекција на урбаната опрема на јавните површини, паркови и детски игралишта.

Мобилни екипи од Општина Делчево во текот на денешниот ден  доставуваа заштитни маски и дезинфициенси до локалните продавници, бензински пумпи и останатите субјекти кои ги опслужуваат граѓаните.

Shares