Градоначалникот Трајковски за „Инфо Делчево“: рестораните и кафулињата нема да плаќаат комунална такса за користење јавна површина пред деловен објект

Сите граѓани треба да имаа доверба во системот, во институциите, бидејќи сите фактори се вклучени посветено и одговорно во борбата за јавното здравје. Кога е здравјето во прашање, сѐ друго е неважно или се става во втор план, а довербата во надлежните е таа која треба да нѐ води во ова време на криза. Ова е пораката на градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски во интервјуто за мартовското издание на е-информаторот на Општина Делчево „Инфо Делчево“. Тој меѓудругото зборуваше и за мерките кои ги презема Општина Делчево за превенција од појавата и евентуалното ширење на заразата од Ковид 19, како и за реализацијата на планираните инфраструктурни мерки.

Трајковски истакнува и дека ќе иницира до Советот на Општина Делчево да се донесе одлука со која ќе се ослободат фирмите од угостителската дејност во Делчево од плаќање комунална такса за користење јавна површина пред деловен објект.

– Ценам дека оваа мерка ќе биде добредојдена и заедно со мерките кои ги дава Владата, ќе може да се санира состојбата во овој сектор и да нема отпуштања од работа. Во овој тежок момент тоа е клучно, порача Трајковски.

Целосното интервју на Трајковски и останатите актуелности од Општина Делчево можете да го проследите на следниот ЛИНК.

0Shares
0