Честитка од градоначалникот Трајковски по повод Меѓународниот ден на Ромите

Градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски упати честитки до ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Воедно, тој ги соопшти и  учениците Роми кои во учебната 2019/20 година постигнале најдобри резултати во образованиот процес во трите општински образовани институции, а кои од Општина Делчево традиционално добиваат парични награди како мотивација за постигнување на уште поголеми резултатти.

Почитувани сограѓани од ромска националност

Денеска кога го одбележуваме Меѓународниот ден на Ромите – 8 Април, во исклучително тешки услови и целосно посветени на борбата за зачувување на јавното здравје, ви испраќам честитки по повод празникот со порака да бидете одговорни пред вас и вашето семејство, во овие тешки моменти, почитувајте ги препораките и останете дома.

Со задоволство сакам да истакнам дека ромската заедница во Делчево е со висок степен интегрирана и не живее во гето, кај нас нема деца на улица. Главно, се решени поголемите инфраструктурни проблеми, но свесни сме дека има уште за решавање. Исто така, Општина Делчево има изработено низа стратешки документи и акциски планови кои ја дефинираат рамката за делување на Општината и решавањето на актуелните проблеми на Ромите. Остануваат и понатаму нашите заложби за реализација на сите отворени прашања поврзани со Ромите.

Ценејќи дека соодветното образование е една од алките кои дава можност за конкурентност на пазарот на трудот и со цел мотивација за постигнување подобри резултати во образованието кај ромската заедница, традиционално по повод Меѓународниот ден на Ромите, Општина Делчево ги наградува одличните ученици Роми во образовните институции. Во таа смисла, а во согласност со постигнатиот успех на учениците и податоците добиени од образовните институции, наградата од 10.000 денари за најдобар средношколец Ром од делчевската гирмназија, годинава се доделува на ученикот Џастин Мемедов ученик во III година гимназиско образование, општествено хуманистичко подрачје, кој има примерно поведение и мн.добар успех, од 4.08. Во ООУ „Ванчо Прке“ за најдобар уечник Ром е прогласена Џенифер Фатмир Мемедова од IX-2 одделение, со  просек (4,47) и примерно поведение, без изостаноци. Џенифер ја добива паричната награда од 5.000 денари, додека Мелани Зекировска ученичка во ООУ „Св.Климент Охридски“ од ПУ во с. Тработивиште има просек од 3,57 и оваа ученичка ќе ја добие наградата во износ од 3.000 денари.

Упатувам пофалби за постигнатиот успех на учениците и ги мотивирам да продолжат да редат успеси во образованието, Општина Делчево е таа која ги препознава и им помага на солидните и талентирани ученици мотивирајќи ги  за што поголеми успеси.

0Shares
0