Обука за припадниците на Просторните сили во Делчево

  • Новости

Денеска започнаа обуките на дел од припадниците на Просторните сили во Општина Делчево кои треба да ги подобрат капацитетите на силите. Обуките се реализираат согласно со заклучокот од Општинскиот кризен штаб на Делчево и се во насока на подигање на подготвеноста на силите во случај на исцрпување на постоечките расположиви човечки ресурси во ТППЕ Делчево. Силите треба да бидат подготвени да помогнат во справувањето со појавата на елементарни и други непогоди, а со цел заштита на животот, здравјето и материјалните добра на граѓаните на Општина Делчево.

Обуките се состојат од усно и практично оспособување за ракување и употреба со основните средства за гасење пожари во урбана средина и пожари на отворено, односно шумски пожари. Обуката се одвиваше во кругот на Територијалната противпожарна единица во Делчево, а припадниците на Просторните сили од професионалните пожарникари усно и практично им беа презентирани нивните задолженија и работни задачи, по што се пристапи кон практична вежба  со основниет средства за гасење пожари, гребла, лопати и сл. како и работа во тимови.

Во обуките се вклучени 16 припадници на Просторните сили, а обуката ќе трае еден месец.

Shares