Продолжува дезинфекцијата на улиците и колективните згради за домување во Делчево

Во текот на денешниот ден, екипи на ТППЕ Делчево извршија дезинфекција на фреквентните улици во градот, а попладнево во тек е акција за дезинфекција на влезовите, скалите и заедничките простории кои ги користат станарите од колективните згради за домување во Делчево. Дезинфекцијата се врши со раствор од хлор и е дел од мерките кои ги презема Општина Делчево за спречување на појавата на зараза од Ковид-19 на територијата на Делчево.

Дезинфекцијата се врши согласно со Оперативниот план и заклучоците донесени на Општинскиот кризен штаб.

Инаку, Општина Делчево ги известува претседателите на куќните совети од колективните станбени објекти, согласно со мерките и активностите за превенција од појавата и евентуалното ширење на болеста коронавирус, дека е потребно и самостојно да преземаат секојдневни мерки за дезинфекција на влезовите, скалите, помошните простории и др. простории кои се користат од станарите, а раствор од хлор можат бесплатно да набават од ТППЕ Делчево.

Акциите за дезинфекција на улиците, јавните објекти и површини, како и колективните згради за домување ќе продолжи и наредниот период согласно со планот за заштита  спасување.  

0Shares
0