Заврши изградбата на пристапни улици во три населби во Делчево

Се изградија пристапни улици во три населби во Делчево со што се реши стар проблем на жителите кои со децении газеа кал и се дишеа прашина. Поради конфигурацијата на теренот и ширината на улиците, улиците се поплочени со бехатон плочки со вкупна површина од 300 м 2, а екипи на ЈКП „Брегалница“ деновиве ги завршија градежните работи за изградба на пристапни улици во населбата Расадник, Трети реон и пристапна улица во Први реон во Делчево.

Станува збор за пристапна улица на ул „Видео Смилевски-Бато“, пристапна улица кон ул. „Плачковица“ со потпорен ѕид  и пристапна улица во Први реон. Пристапната улица во населбата Први реон ќе продолжи со поставување пропуст на ендекот и изградба на скали со што ќе се поврзат Први и Втори реон и ќе се олесни движењето на луѓето кои гравитираат на овој терен.

Инвестицијата е на Општина Делчево, а работите ги изведуваа екипи на ЈКП „Брегалница“.

0Shares
0