Реконструкција на спортската сала во ООУ „Ванчо Прке“

Во ООУ„Ванчо Прке“ во тек е реконструкција на спортската сала, со што првата спортска сала во Делчево ќе добие современ лик, а следствено на тоа, спортските работници и учениците ќе имат одлични услови за работа.
Согласно со проектот се заменуваат салонитните азбесни ќерамиди со нов пластифициран антикондензирачки ребраст лим. Исто така, се изврши и замена на фасадната столарија, каде што старите метални прозори се заменија со термоизолирачки PVC- прозори.
Реконструкцијата подразбира и замена на дотраениот под кој се обложува со висококвалитетен, повеќеслоен, еластичен, спортски PVC- под, а ќе се реконструираат и патеките кај влезовите на објектот и ќе се постави рампа за инвалидизирани лица и, на крајот, ќе се асфалтира теренот за одбојка.
Вкупната инвестиција на проектот е 2. 5 милиони денари, без ддв, средства од буџетот на училиштето. Изведувач на проектот е ДПТУ Панел М, експорт- импорт, Мехаз ДООЕЛ, Тетово.
Работните активности се започнати од 15.04.2020 година, а треба да  завршат според предвидениот рок од 60 дена.
Shares