Покана за одбележување на 144- годишнината од Разловечкото востание

  • Новости

По повод одбележувањето на 144 -годишнината од Разловечкото востание, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 20 мај во 10,00 ч. во дворот на црквата „Св.цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе на спомен-плочата на поп Стојан поставена на црквата „Св. цар Константин и царица Елена“ во с. Разловци,  тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат растојание од 2 метри за време на настанот. Воедно, се препорачува на настанот да земат присуство по двајца претставници од институциите, организациите и здруженијата.

Поради актуелната состојба, предвидената културна-уметничка програма и традиционалниот планинарски марш нема да се одржат.

Shares