Од утре почнува со работа зелениот градски пазар во Делчево

Со примена на посебни мерки за заштита од заразата ковид 19 од утре почнува со работа зелениот градски пазар во Делчево. Согласно со заклучокот од Општинскиот кризен штаб, ќе работи делот од пазарот наменет за прехранбени произвди, односно раноградинарски култури, додека останатите тезги наменети за продажба на друг вид стока и понатаму ќе остане затворен. Граѓаните задолжително да носат маски за заштита на лицето, да избегнуваат групирање, а за редот на пазарот ќе се ангажираат комунални редари. Продавачите на своите тезги задолжително да имаат средство за дезинфекција и да носат заштитна опрема, односно ракавици и маска.

Денеска екипи на ЈКП „Брегалница“ ги подготвуваа тезгите со цел да го има потребното растојание меѓу нив согласно со препораките за заштита од коронавирусот, а попладнево екипи на ТППЕ Делчево ќе извршат и дезинфекција на локацијата.

Се апелира до грѓаните да ги почитуваат препораките за заштита и да придонесат со свој личен пример за заштита на здравјето и за превенција од појавата на ковид 19.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст