ЈАВЕН КОНКУРС за избор на најубаво уреден двор во Општина Делчево

Општина Делчево ги повикува сите заинтересирани и креативни граѓани кои ги уредуваат своите дворови или граѓаните кои се воодушевуваат на уредениот двор на пријател или сосед или стопански субјект, да поднесат пријава во рамките на Јавниот конкурс најдоцна до 30. 06.2020 г.

Со овој Конкурс, Општина Делчево ќе  избира најубаво уреден двор на куќа и зграда и институција или стопански објект за 2020 година.

За најубаво уреден двор, предвидени се две награди во износ од 10.000 денари во две категории:

  1.  Индивидуално домување;
  2.  Колективно домување или институција и стопански објект.

Разгледувањето на пристигнатите пријави и изборот на кандидатите го врши соодветна Комисија формирана од градоначалникот на Општина Делчево, составена од претставници на вработените во Општина Делчево и ЈПКД „Брегалница“-Делчево.

Пријавувањето се врши со пополнување пријава во Архивата на Општина Делчево, секој работен ден од 7:30 ч до 15:30 ч. или електронски пополнета пријава на веб-страницата (www.delcevo.gov.mk). Конкурсот ќе трае од 18 мај до 30 јуни 2020 година.

ПРИЈАВА ЗА КОНКУРСОТ „ИЗБИРАМЕ НАЈУБАВ ДВОР ВО ДЕЛЧЕВО“

Shares