Околу 10.000 пролетни цвеќиња се засадуваат во парковите во Делчево

Околу 10.000 пролетни цвеќиња деновиве се засадуваат на парковските површини во Делчево.   Пролетни цвеќиња од видот на петунии, бегонии, сардела, агератум, тагетис и сл.,  се засадуваат на новата парковска површина кај Жито маркетот, потоа кај споменикот на паднатите борци, кај Комерцијална банка, кај паркот Езерце, паркот во Ново Делчево, паркот АСНОМ, Стопанска банка и боксовите по должината на улицата кај трговскиот центар „Пела“. Парковските површини ќе добијат нови цвеќарници, саксии и цветни аранжмани.

Годинава за пролетно разубавување на градот се набавени околу 5000 цвеќиња се набавени од Општина Делчево и ЈКП „Брегалница“ , додека останатите се произведени од сопствениот расадник на претпријатието.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст