Вработените во детската градинка во Делчево денеска се тестираат за ковид -19

Во рамките на таргетираниот скрининг за ковид-19 на одредени критични категории на граѓани кој го спроведува МЗ преку Центарите за јавно здравје, денеска ќе се тестираат сите вработени во делчевската детска градинка „Весели цветови“. Скринингот е согласно одлуката на Владата на Република Северна Македонија, а по препорака на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести со цел да отпочнат со работа јавните установи.

 Како што истакна директорката на ОЈУДГ „Весели цветови“, Билјана Симовска, скирнингот го вршат екипи на Центарот за јавно здравје од Кочани, а со него се опфатени сите 58 даватели на услуги во делчевската градинка, како воспитувачи, негователи, помошен технички и административен персонал.

Утврдени се и протоколите за отпочнување со работа на градинките и конкретизирани се сите услови кои ќе треба да се исполната за отпочнување со работа и згрижување на децата. Во група на деца на возраст до 2 години ќе бидат згрижени максимум по 6 деца додека во воспитните групи со возраст од 3 до 10 години ќе можат да се згрижат максимум 15 деца. Секој родител ќе мора да приложи потврда од работодавачот дека работните обврски не може да ги извршува од дома, како и потврда од матичен лекар за здравствената состојба на дететоистакна Симовска.

ОЈУДГ,,Весели Цветови,, Делчево веднаш по затварањето на градинката изврши дезинфекција на установата, но по добивањето на протоколот во наредниот период ќе се преземат сите заштитни мерки за непречено функционирање на установата и заштита од КОВИД 19.

Скринингот ќе се прави со ПСР тестови, а целта на тестирањето е да се идентификуваат асимптоматските носители на вирусот – односно луѓе кои се заразени, а не се свесни поради тоа што немаат симптоми.

 

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст