Авионско прскање против комарци во Делчево

Годинава Делчево ќе спроведе авионско прскање против комарци и други вектор-преносители на заразни болести. За таа цел, Општина Делчево распиша јавна набавка за авионско прскање против комарци за чија реализација се обезбедени средства од Буџетот на Општина Делчево за 2020 година во висина од 246.000,00  денари без вклучен ДДВ.

Договорот за јавна набавка ќе се додели со спроведување на постапка со објавување Оглас за набавка од мала вредност, а отворањето на понудите ќе се спроведе електронски на ЕСЈН на ден 19.06.2020 година во 9 часот.

Општина Делчево оваа сезона предвидува двократно (два пати) авионско третирање (прскање) за заштита од комарци по понудена цена по хектар на површина од 300 хектари, односно вкупно за два пати прскање површина од 600 хектари. Прскањето против комарци се планира да се изврши со еколошко средство одобрено од релевантни институции од земјата, а динамиката на прскањето ќе се определи согласно со динамиката на оваа активност во соседните општини (Македонска Каменица, Виница, Берово и Пехчево).

Општина Делчево секоја година врши соодветно третитрање на вектор-преносителите на заразни болести, а активноста е предвидена во Годишната програма за заштита на населението од заразни и други болести.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст