Инвестиции во ООУ „Ванчо Прке“ во Делчево: реконструкција на старата спортска сала и партерно уредување

Старата спортска сала во ООУ „Ванчо Прке“ деновиве ќе добие нов висококвалитетен, спортски PVC- под со што ќе завршат градежните работи во училиштето со кои, освен реконструкцијата на спортската сала, беше извршено и партерно уредување на  влезовите на училиштето. Увид во завршните градежни работи во училиштето денеска изврши градоначалникот на Општина Делчево, Горан Трајковски кој истакна дека училиштето во време, кога нема настава поради специфичната здравствена криза, квалитетно го искористела периодот за да реализира значајни проекти кои ќе создадат современи услови за работа во училиштето.

– Инвестициите во спортските објекти се инвестиции во младите и создавање услови за развој на спортот и спортските клубови, а со тоа и создавање услови за промоција на спортот како здрав начин на живот. Оваа спортска сала има посебно значење во Делчево. Но, иако е прва спортска сала во градот која ги обединуваше и учениците од училиштето, но и сите спортски клубови од градот, беше во многу лоша состојба и со години учениците од училиштето, но и спортистите, работеа во несоодветни услови. Денес, благодарение на домаќинското работење на училиштето, салата доби сосема нов лик овозможувајќи современи услови за работа на спортистите. Со реализацијата на овој проект, како локална власт, уште еднаш докажуваме дека ги решаваме проблемите и создаваме услови за поквалитетен живот на секој граѓанин во Делчево, истакна Трајковски.

Директорот Горан Велков потсети дека согласно со проектот за реконструкција на салата се заменија и салонитните азбесни ќерамиди со нов пластифициран антикондензирачки ребраст лима, а се изврши и замена на фасадната столарија, каде што старите метални прозорци се заменети со термоизолирачки PVC- прозори, а се планира и асфалтирање на теренот за одбојкa.

Вкупната инвестиција на проектот е 2. 5 милиони денари, без ддв, средства од буџетот на училиштето. Изведувач на проектот е ДПТУ Панел М, експорт- импорт, Мехаз ДООЕЛ, Тетово.

Shares