Совет на Општина Делчево: Општина Делчево ќе набавува ново противпожарно возило

„Набавка на противпожарно возило“, е приоритетниот проект за кој советнците од делчевскиот Совет на денешната 41 Седница донесоа Одлука со која даваат поддршка и согласност на Општина Делчево за средства обезбедени во рамки на грантот од  Проектот за подобрување на општинските услуги финансирани со заем од Меѓународната банка за обнова и развој (Светска банка), Компонента В: Грантови за успешност. Износот на Грантот за успешност е во зависност од вредноста на успешно реализираните подзаеми за имплементација на проектот „Подобрување на јавните општински услуги во Општина Делчево-Реконструкција на општински улици“, а вкупната проектирана  вредност на приоритетниот проектот за набавка на ново противпожарно возило e 7.491.824,00 МКД со вклучен ДДВ, грант средства кои се обезбедени од Компонента В: Грантови за успешност се во висина од 7.191.824,00 МКД, додека средства во висина од 300.000,00 ќе бидат обезбедени од Буџетот на Општина Делчево, како сопствено учество.

На денешната Седница, советниците дадоа согласност и на Одлуката на Управниот одбор на ОЈУДГ „Весели Цветови“ за ослободување од надоместок на трошоците за престој во установата што паѓа на товар на родителите. Согласно со Одлуката, надоместокот на трошоците за престој во Детската градинка „Весели Цветови“ нема да се наплаќа од април 2020, т.е. од затворањето на градинката поради пандемијата со COVID-19, па сè до нејзиното повторно отварање.

Советниците денеска донесоа и Одлука за утврдување потреба од определување заштитни зони, заштитни мерки и други услови за водите наменети за консумирање од  човекот за акумулација „Лошана“. Со Одлуката се задолжува ЈКП „Брегалница“ да поднесе барање до Владата на РСМ, за донесување Одлука за определување заштитни зони околу акумулација „Лошана“, како и да достави елаборат за одредување на границите на заштитните зони, заштитните мерки и други услови за водите наменети за консумирање од човекот. Инаку, од кога ќе се добијат сите потребни дозволи и документи, акумулацијата ќе биде оградена, ќе бидат поставени информативни табли и предупредувачки знаци со што ќе има строго контролиран пристап до акумулацијата.

Покрај другите точки од Дневниот ред, советниците на 41-та Седница го разгледуваа и Квартален извештај за извршувањето на Буџетот на Општина Делчево за периодот 01.01.2020 дo 31.03.2020 година, а донесоа и Одлука за доделување стипендии на ученици прогласени за првенци на генерацијата во општинските училишта;

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст