Матурантката Ѓеоргиева на Меѓународната олимпијада по биологија

  • Новости

ММБрицо

Првенецот на генерацијата од СОУ „М.М. Брицо“ од Делчево, матурантката Верица Ѓеоргиева, ќе биде македонски и делчевски претставник на 31 Меѓународната олимпијада по биологија.

Меѓународната олимпијада по биологија (IBO) e престижен натпревар на учениците од средните училишта во знаење и решавање сложени проблеми во биологијата, а целта на IBO е да ги идентификува, инспирира, зајакне и да ја поддржува следната генерација лидери во природните науки и да ја развива нивната меѓународна мрежа.

Директорот на училиштето, Љупчо Прачковски, истакна дека за квалификација и  учество во македонскиот олимписки тим, мора да си еден од најдобрите.

 Ова е уште една потврда за заедничките успеси на нашата ученичка Верица и нејзиниот ментор, професорката по биологија Марина Конева. И ова е уште еден доказ за квалитетот на образованиот процес во нашето училиште, истакна Прачковски.

Меѓународната олимпијада по биологија, оваа година требаше да се одржи во Нагасаки, Јапонија, но поради новонастанатата ситуација ќе се одржи онлајн, на 11 и 12 август 2020 година.

Shares