Презентирани техничките решенија за проектот „Водоснабдување на Делчево“

Денеска претставници од фирмата „Хидро Енерго-инженеринг“ извршија презентација на техничките решенија, односно хидроградежниот  дел предвидени во големиот проект „Водоснабдување на Делчево“ кој е во фаза на имплементација. Проектот се имплементира во Делчево и во селата Габрово и Ѕвегор,  а целта на неговата реализација е подобрување на квалитетот на водата за пиење, зголемување на ефикасноста и модернизацијата на системот, како и подобрување на водоснабдувањето во градот и селата.

Согалсно со техничките решенија, предвидена е изградба на нова станица за третман на вода на локација на сегашната станица вклучувајќи модерна опрема и концепт на енергетска ефикасност Qmax=60l/s; зголемување на постојните капацитети на бунарските подрачја со изведба на нови бунари и реконструкција и модернизација на постојните со што ќе се обезбедат 50-60l/s; зголемување на резервоарскиот простор во Делчево со изградба на нов резервоар од 800m3 лоциран до сегашниот од 300m3  ; реконструкција на помошните објекти по должината на доводниот цевковод; комплетна реконструкција на мрежите за водоснабдување на Габрово и Ѕвегор со поврзување на системот за водоснабдување на Делчево; автоматизација на системот за зголемување на ефикасноста и нивото на обезбеденост на услугата со управување преку SCADA центар; искористување на обновливите ресурси со изведба на фотоволтаична централа која директно ќе ги напојува со струја бунарската област и новата станица во Тработивиште.

Имплементацијата на проектот започна на 29.11.2018, а треба да заврши на 31.3.2022. Проектот е вреден 7,3 милиони швајцарски франци од кои 6 милиони се донација од Швајцарска конфедерација преку Амбасадата на Швајцарија, а останатото е учество на РСМ преку Министерство за животна средина и Општина Делчево.

Проектот го спроведува  EBP Schweiz AG, Zollikon Switzerland, а краен корисник е ЈКП Брегалница-Делчево.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст