Покана за чествување на ИЛИНДЕН, 2 АВГУСТ 2020

  • Новости

Почитувани,
Општина Делчево Ве поканува заедно да го одбележиме големиот македонски празник ИЛИНДЕН,

117 години од ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ и
76 години од ПРВОТО ЗАСЕДАНИЕ НА АСНОМ

Поради ситуацијата со корона кризата во програмата е предвидено само полагање на букети свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев и споменикот на паднатите борци од НОВ.

НЕДЕЛА, 2 АВГУСТ 2020

10:00ч – Полагање букети свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев,

10:30ч – Полагање на букети свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци од НОВ,

Ве замолуваме почитувајте ги мерките за заштита од КОВИД – 19, носење на заштитна опрема (маски и ракавици) и држење на соодветно растојание.

Shares