Традиционалните Голачки фолклорни средби нема да се одржат

Поради актуелната пандемија, годинава нема да се одржи традиционалниот меѓународен фолклорен фестивал Голачки фолклорни средби.

Почитувајќи ги препораките од Комисијата за заразни болести и од Владата на РСМ, организаторите на фестивалот Општина Делчево и НУЦК “Никола Јонков Вапцаров” одлучија годинава да не се одржи фестивалот кој вообичаено собираше илјадници гости на падинните на Голак на врвот Чавка, покрај манастирот посветен на Свети Пантелејмон.

ГФС традиционално се одржуваа ноќта спроти верскиот празник Св. Пантелејмон и го обединуваа културното и верското наследство од овие простори.

0Shares
0