Таблети за средношколци Роми во Делчево

  • Новости

Здружението на граѓани „Ромаверзитас“ додели 16 таблети на средношколци Роми од Делчево. Доделувањето на таблетите во Делчево е дел од  проектот „Ромаверзитас во ургентни ситуации, се грижиме за вашето образование“ финансиски поддржан од Ургентниот фонд на Ромскиот образовен фонд во рамките на кој е предвидено да се доделат 210 таблети на ромски ученици од земјава во средното образование и 10 ГБ интернет.

Таблетите се наменети за средношколци претежно од втора и трета година и лица кои ќе се запишуваат на факултет и доаѓаат од семејства кои живеат во социјален ризик или семејства кои користат гарантирана минимална помош, семејства со ниски приходи или домаќинства кои немаат соодветни услови и други смарт уреди.

Доделувањето таблети во Делчево е во соработка со Општина Делчево, директорот на СОУ „М.М.Брицо“ и локалните соработници и на овој начин, преку низа активности, се поттикнува запишувањето во средното и високото образование, почитување на квотите за упис во рамки на уписните рокови, намалување на осипот во образованието предизвикани од неповолните услови со кои се соочува ромското население и коишто дополнително се отежнати од кризата предизвикана од КОВИД 19 и се охрабрува учеството на средношколците во програмата за градење вештини во рамки на неформалниот колеџ спроведуван од Ромаверзитас.

Shares