Нови заклучоци и препораки од ОКШ Делчево

Поради зголемениот број случаи позитивни на ковид-19, Општинскиот кризен штаб во Делчево денеска одржа состанок на кој дефинираше неколку заклучоци и препораки кои се во насока на сузбивање на појавата на епидемија од ковид-19 на ниво на Општина Делчево.

1.     Соочени и со проблемот со отсуството на епидемиологот од Делчево и проблемот што за целиот краен исток и за општините Берово, Пехчево, Виница и Делчево е одговорен еден епидемиолог, а во сите овие општини има зголемен број случаи со коронавирус, како ОКШ бараме помош од епидемиолог или друго стручно лице од Центарот за јавно здравје Кочани за да може да се интервенира навремено во изработката на епидемиолошките анкети, побрзо доставување на решенијата за изолација и сл.

2.     Здравствениот дом „Гоце Делчев“ да формира координативно тело составено од здравствени работници од приватното и јавното здравство со цел навремено собирање на податоците за пациентите и дистрибуција на информациите до МВР и епидемиологот;

3.       Да се засилат контролите на угостителските објекти, со посебен акцент на придржување до изречените мерки и протоколи и правилното користењето на доделената јавна површина;

4.      Општина Делчево, како и до сега, да врши редовна дезинфекција на јавните површини и реквизити, како и на влезовите на институциите;

5.     Во сите фирми и институции строго да се почитуваат протоколите за заштита од ковид-19 на работните места;

6.     Да се засилат контролите на градскиот пазар и строго почитување на протоколите за заштита од Ковид-19;

7.     Инспекциските служби (пазарната), комуналните редари, инспекторот за заштита на животната средина да се поажурни и да доставуваат неделни извештаи за преземените мерки за спречување од КОВИД 19;

8.      Доколку некој има симптоми на болеста или е без симптоми, но имал контакти со заболени лица, задолжително веднаш да се самоизолира. Со тоа ги штитите своите најблиски, пријателите, соседите, целиот град.  

Согласно со податоците од надлежните до 10 ч денеска во Делчево има 11 лица позитивни на коронавирус од кои 3 се со потешка клиничка слика и се на болничко лекување, а 16 лица се во самоизолација. МВР досега поднело 81 пријава за неносење заштитни маски.

Градоначалникот Горан Трајковски уште еднаш апелираше до граѓаните да бидат совесни и одговорни.

Бидете совесни и одговорни спрема вашето здравје и здравјето на секој ваште најблиски, пријатели, соседи, колеги, но и спрема секој еден жител на нашиот град. Уште еднаш апелирам носете маски, држете дистанца, дезинфицирајте ги рацете, не се групирајте, давајте точни податоци до надлежните здравствени работници, седете во изолација доколку сте биле во контакт со некој од позитивните лица. Само вака заедно ќе излеземе победници од оваа криза, истакна Трајковски.

0Shares
0