Известување од Конкурсот за избор на најубав двор во општина Делчево за 2020год

  • Новости

Во рамките на кампањата ,,За поубаво Делчево,, и согласно со Програмата за промоција и комуникација со јавноста, водејќи се од мотото дека секој индивидуалец или институција и фирма кои со својот труд и креација за уредување на дворните површини придонесуваат за поубаво Делчево, Општина Делчево по трет пат годинава организира избор на најубав двор во општината. Пријавувањето на конкурсот траеше од 18 мај до 30 јуни и на истиот беа пријавени 10 апликанти во две категории:

– избор на најубав двор на физички лица и

– избор на најубав двор на правни лица и објекти за колективно домување

Во првата категорија беа пријавени:

  • Ранка и Кире Стоименовски ул.,,Вера Јоциќ,, бр.66
  • Младен Арсениев ул.,,Крушевска,, бр.39
  • Љупчо Ѓеорѓиевски ул.Солунска
  • Кристина Иванова с.Звегор
  • Ивана Лефковска ул.,,Плачковица,, бр.58 Делчево
  • Стојанка Жежовска ул.,,Голем рид,, бр.1 нас.Стрелиште
  • Сашко Петровски с.Очипала

Во втората категорија од апликантите

  • Зграда бр.1 влез 1 Кеј на Брегалница
    Зграда бр.2 влез 1 Кеј на Брегалница
    Зграда бр.2 влез 2 Кеј на Брегалница

Според резултатите од гласањето на комисијата од категоријата на физичките лица беше избран дворот на Ивана Лефковска, додека од категоријата правни лица и колективно домување најмногу гласови доби дворното место на зграда бр.1на Кеј на Брегалница.

Како Комисија бевме изненадени од креативноста и идеите кои ги имаат нашите сограѓани. Се гледаше дека за уредување на  сите дворови беше вложено труд и љубов.

Избраните дворови импресионираа со свежина и креативност со застапена тревна површина, зимзелени дрвја и цветни содржини.

Поради тоа што се очекува оваа акција да прерасне во традиционална, сметаме дека е потребно како комисија да им дадеме совет на нашите граѓани кои што сакаат да се пријават на истата следната година.

Најважно е површината која се уредува и пријавува да има доволно тревна површина одржувана и негувана. Дрвјата, грмушките и трајните растенија да бидат посадени по рабовите на тревната површина до дворната ограда. Вкусот за изборот на цвеќињата секогаш останува избор на сопственикот, но наш предлог е балконските цвеќиња да бидат помали по раст и со побогата цветна содржина. Делот со цвеќиња во тревната површина да биде групација од цветни грмушки кои ќе имаат пошироки цветови со цел да дојде до израз самата групација.

Уредувањето предлагаме да биде заокружено со украсни елементи изработени од бетон, гипс, пластика, дрво и сл.

Од овде, како представник на Комисијата и со подршка на Градоначалникот Горан Трајковски, најавуваме дека ќе ја продолжиме акцијата и во наредните години и ги охрабруваме нашите сограѓани да учествуваат и се пријавуваат за избор на најубав двор, зошто подготвувајки се за истиот своето дворно место ќе си го направат убаво и пријатно катче за одмор и рекреација.

Shares