До крајот на годината сите читатели во делчевската библиотека на електроинска евиденција

  • Новости

До 1 јануари 2021 година, сите членови на Јавната библиотека „Илинден“ од Делчево ќе бидат во електронската евиденција на библиотеката. Од воведувањето на електронското издавање книги, пред 9 месеци, електронски се зачленети 313 членови, а останатите 200 членови ќе поминат во системот за електронска евиденција до крајот на оваа година. Ова го истакна директорката на ЈЛБ „Илинден“, Биљана Петровска, која истакна дека електронското издавање книги на читатели е многу полесно и попрактично, а библиотеката има увид во издадената литература и лесно се утврдуваат и лицата кои од какви било причини не ги вратиле позајмените наслови.

-Од целокупниот книжен фонд на библиотеката 20.600 книги до сега се внсени во COBISS, меѓутоа има и постари книги кои секојдневно се внесуваат во овој систем. Двете основни училишта во градот доставија список на лектири кои ќе се обработуваат во оваа учебна година и библиотеката овие денови ги набавува лектирите кои  ги нема или се оштетени. На почетокот од месец август од Министерството на образование и наука, библиотеката доби и нова стручна литератута скоро од сите обасти, која се обработува и од септември ќе биде достапа за студентите и за сите кои имаат потреба од стручна литература, истакна Петровска.

Петровска истакна дека во ЈЛБ „Илинден“ изминатиот период се инвестира во осовременување и подобрување на условите за работа, но и збогатување на книжниот фонд со нови наслови.

– Сакам да истакнам дека делчевската библиотека ги има сите нови наслови од скоро сите издавачки куќи, набавени се нови лектирни изданија и сликовници за најмладите. Но, посебно сакам да истакнам дека  за првпат  е набавена црковна литература, а уште еднаш потенцирам дека библиотеката изобилува со многу наслови од стручната литература за студентите, истакна Петровска.

Инаку, последниве две години во библиотеката функционира новата читална, создадена од напуштена и неискористена просторија, каде сега доминираат равтови полни со стручна литература.

-Редовно изнаоѓаме начини богатиот книжевен фонд да го чуваме во соодветни услови за што постојано изработуваме нови полици. Исто така, воведовме и софтверско сметководство, мрежно поврзување на сите вработени, а опремена е и канцеларија за административната служба,  саниравме дел од кровот над библиотеката. Штедиме средства за потоа да ги реинвестираме во работи кои ни се потребни, рече Петровска.

Shares