Покана за одбележување на Денот на ослободување на Делчево, 7 Септември

По повод одбележувањето на 76 -годишнината од ослободувањето на Делчево и 29 –годишнината од независноста на Република Северна Македонија, Општина Делчево организира пригодна свеченост на 7 Септември која започнува во 10,00 ч со положување свежо цвеќе на споменикот на паднатите борци во центарот на градот.

По тој повод, Општина Делчево ги поканува сите заинтересирани граѓани, институции, политички партии и здруженија на граѓани кои сакаат да присуствуваат на настанот и да положат свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци, тоа да го направат почитувајќи ги актуелните препораки за заштита од болеста ковид -19, односно задолжително да носат заштитни маски за лице и да држат соодветно растојание за време на настанот.

Одбележувањето на годишнината од ослободувањето на Делчево ќе прдоложи со Свечена седницана Советот на Општина Делчево што ќе се одржи во салата на Спомен-дом АСНОМ.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст