Повик до угостителите од Пијанечко- Малешевскиот регион – пријава за обука за гостопримство

  • Новости

Во рамки на проектот „Малеш-Пијанец е вашата следна дестинација“ кој го реализира Локалната aкциска група Малеш Пијанец, се организира еднодневна обука за даватели на услуги или производи од Делчево, Берово и Пехчево која ќе ја води надворешен експерт од областа. Целта на обуката е учесниците да ги подобрат своите вештини и практики во делот на техники за послужување и нудење услуги/производи, комуникација со гости и сл. Единствен услов за вклучување во обуката е тие да имаат претходно искуство и да ги познаваат своите должности во хотелско угостителски дејности. По пополнувањето на пријавата и селекцијата од страна на организаторот, учесниците ќе бидат исконтактирани по што ќе им бидат доставени соодветна покана и агенда со точен датум и место на одржување на обуката. Ве охрабруваме да се пријавите на обуката и да ги збогатите Вашите и знаењата и капацитетите на Вашите вработени!

Пријавата може да ја најдете на следниот линк :

https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSfVV6HxhzSrqi72gSV2k8kQxwhVxAB9Q3OLZPioNT6sGfY3rQ/viewform?vc=0&c=0&w=1&flr=0

Shares