„Делчево фест“ и „Пијанечко-малешевската свадба“ со онлајн издание

  • Новости

                                                                                                                                                    *Архивска фотографија

Поради актуелната пандемија, годинешното, 44 –то издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Делчево- фест“ и традиционалната „Пијанечко-малешевска свадба“ ќе се одржат онлајн. Во моментов се одвиваат финалните подготовки, а со своја видеопрезентација на фестивалот ќе учествуваат фолклорни друштва од повеќе градови од земјава, како и од Србија, Бугарија, Молдавија и др. Исто така, планирана е и презентација на пијанечката свадбарска носија, како и промоција на свадбарските адети.

 – Програмата ја изработивме со многу внимание и труд и е креирана согласно со можностите и ситуацијата во која живееме, со онлајн настани, но и со неколку настани со публика, организирани по сите предвидени протоколи. Фестивалот ќе биде еден пример, како да се организира културата во овие времиња. Конкретно за овој фестивал, сите учесници испратија по 10-минутен видеоматеријал кои ќе бидат емитувани, a ќе бидат промовирани и свадбарските обичаи, истакнува Зенил Реџепов-Стручни, раководител на КУД „Гоце Делчев“ Делчево.

Онлајн- изданието на фестивалот ќе се одржи в недела на 20 септември, а медиумски покровител е делчевскиот веб-портал „Делчево365“.

Фестивалот се одржува во организација на КУД „Гоце Делчев“, под покровителство на градоначалникот на Општина Делчево и со поддршка на Министерството за култура.

Shares