Настава со физичко присуство само во подрачните училишта во Делчево

На вчерашната Седница, Владата го усвои Извештајот за работата на Комисијата за разгледување на поднесените барања од страна на основачот на училиштето за организирање настава со физичко присуство, за период од 18.09.2020 година до 25.09.2020 година. Според Извештајот, согласност за организирање настава со физичко присуство добија подрачните училишта на двете централни основни училишта во Делчево.  Имено, во подрачните училишта на ООУ „Ванчо Прке“ во с. Габрово и во с. Ѕвегор ќе се организира настава со физичко присуство. Исто така, настава со физичко присуство ќе се организира и во подрачните училишта на ООУ „Св.Климент Охридски“ во с. Разловци, во с. Тработивиште, с. Град, с. Стамер и во с. Вирче.

Наставата во централните основни училишта во Делчево и во СОУ „М.М.Брицо“ ќе се одвива онлајн, додека најмладите ученици од 1 до 3 одделение наставата ќе ја следат со физичко присуство.

Учебната година започнува на 1 октомври.

0Shares
0