Се гради последниот крак од фекалната канализација во нас. Басарица

Екипи на ЈКП „Брегалница“ интензивно работат на изградбата на последниот крак од фекалната канализација на потегот Басарица-с. Полето. Станува збор за изградба на фекална канализација во должина од 290 метри со што комплетно ќе се реши проблемот со отпадните води во населбата. Работите треба да завршат за десетина дена, а инвеститор е Општина Делчево.

Инаку, минатата година на потегот Басарица-с. Полето беше изградена фекална канализација во должина од 2 км. Средствата се обезбедени од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој преку Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а ДДВ во висина од 18% е од општинскиот буџет.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст