Тендер за основен проект за нова детска градинка во Делчево

  • Новости

Општина Делчево објави постапка за јавна набавка Основен проект за изградба на нов објект за прием и сместување на деца детска градинка“. Видот на постапка е набавка од мала вредност , а критериум за доделување на договорот е најдобар однос меѓу цената и квалитетот. Јавното отворање на понудите е најавено за 19.10.2020 во 13:00 часот, а сите заинтересирани можат да присуствуваат на јавното отворање во салата за состаноци на општината.

Согласно со проектната задача, градинката е планирана за изградба во населбата Расадник. Објектот ќе биде организациски и функционално дел од постоечката установа ОЈУДГ „Весели Цветови“, но треба да обезбеди независност во своето функционирање и вршење на основната дејност согласно со законот во секој поглед.  Во новиот објект треба да се овозможат услови за прием на 130 деца и тоа две групи деца од 9 месеци до 24 месеци, две групи деца од 2г до 3г, две групи деца од 3 г до 4 г , две групи деца од 4 г до 5 г, како и услови за дистрибутивна кујна и соодветни простории за вработените, спортски реквизити, сала за активности и сл.

Shares