Честитка од градоначалникот за почетокот на учебната 2020/21 година

  • Новости

Почитувани ученици,

Во доста специфични услови, денеска започнува новата учебна година. Како никогаш досега, соочени сме да обезбедиме безбеден по здравјето образовен процес и за сите ученици и за сите наставници. Затоа, треба да сме одговорни, дисциплинирани, да ги почитуваме препораките и да вложиме напори, сите заедно да го направиме овој процес успешен, бидејќи образованието е важно и за него нема алтернатива, тоа ви го трасира патот кон вашата иднина.

Колку побрзо ја прифатиме новата нормалност во која живееме и работиме и колку искрено сите се вложуваме во образовниот процес, било да се одвива онлајн или со физичко присуство,  толку побрзо ќе стигнеме до резултатите.

 Посебно сакам да истакнам дека денешниов ден е празник на сите деца кои прв пат седнуваат во училишните клупи, на нивните родители, но и на сите нас, бидејќи денеска нова генерација запловува во образовниот процес. За , жал, пандемијата и светската здравствена криза наметна првата лекција на оваа генерација да биде  одговорност и грижа за сопственото и здравјето на секој соученик и наставник.

 Да им посакаме на нашите првачиња, лесно да се справуваат со предизвиците и лесно да го пронаоѓаат скриеното богатство што се вика знаење во нивното училиште.

Да им помогнеме, да бидат успешни ученици, кои со радост ќе ги совладуваат задачите и секојдневно ќе ги откриваат убавините во другарувањето, знаењето.

Посакувам СРЕЌЕН ПОЧЕТОК на учебната година на сите првачиња и ученици.

Shares