Акција за почисто Делчево

На иницијатива на градоначалникот Горан Трајковски денеска се реализираше акцијата за почисто и поубаво Делчево во која се вклучија вработени од Општина Делчево и претставници од институции со голема поддршка од вработени и механизација од ЈКП “Брегалница” и ТППЕ Делчево.

Во рамките на акцијата беше исчистена дивата депонија кај ендекот Грозданец, а целта на акцијата е да се испрати порака дека грижата за животната средина значи грижа за нашето здравје и секој одговорен поединец треба да даде личен придонес во борбата со дивите депонии.

Градоначалникот Трајковски истакна дека оваа акција е продолжување на кампањата “За поубаво Делчево” со која изминативе два месеци заедно со волонтерите од градот се чистеа и уредуваа јавните површини и се санираше урбаната опрема.

-Јавната свест за чиста животна средина треба да не мотивира сите, бидејќи верувам дека секој пиединец сака да живее во уреден и чист град. Да се откажеме од лошите навики, сами да создаваме депонии, на ѓубрето местото му е во контејнерот, рече Трајковски.

Изминатиов период во Делчево беше извршено чистење на мостовите, бојадисување на оградите, а во пресрет на Денот на Востанието, екипи на ЈКП Брегалница го исчистија и споменикот на паднатите борци.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст