КАМПАЊА „БРЗИНАТА УБИВА-ВОЗИ ОДГОВОРНО“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево во соработка со сообраќајната полиција од Полициската станица од општа наделжност во Делчево од 09.10.2020 година ја започна кампања „Брзината убива-вози одговорно“. Кампањата се спроведува со цел да се зголеми на јавната свест на учесниците во сообраќајот за последиците од неодговорното учество во сообраќајот и намалување на бројот на сообраќајни незгоди на подрачјето на Општина Делчево.

Во рамките на кампањата се предвидени чести контроли на возачите и брзината на движење на возилата на влезот и излезот од градот Делчево, но и на фреквентните улици „Маршал Тито“ и „Кеј на Брегалница“ каде покрај редовната контрола, на возачите им се делеа едукативни материјали.  Локациите на кои се реализираше кампањата  се делници од улици и патишта каде во изминатите 5 години се имаат случено сообраќајни незгоди и каде има реакции од страна на жителите за непочитување на ограничувањето на брзината на движење.

Оваа кампања е предвидена во Годишната програма на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Делчево за 2020 година, а едукативниот материјал е обезбеден од страна на Републичкиот Совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. 

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст