Доделени таблети за онлајн настава во ООУ „Ванчо Прке“

Во ООУ „Ванчо Прке“ денеска десет ученици кои следат онлајн настава добија таблети во рамки на втората фаза од проектот „Поддршка во време на ковид-19 за маргинизираните групи и Роми“. Таблетите се обезбедени од Невладината организација „Тернипе“ МК, од каде информираа дека во текот на неделата 10 таблети за далечинска настава ќе доделат и во деветолетката „Св.Климент Охридски“ во Делчево со што се заокружува процесот и бројката на 45 доделени таблети со 10 -гига интернет во образовните институции во Делчево во рамките на овој проект.  

Изразувајки благодарност за донацијата, директорот на училиштето, Горан Велков, истакна дека остануваат уште 8 ученици кои пријавиле дека не се во можност да следат онлајн настава.

-Голема благодарност до невладината организација „Тернипе МК“ за оваа донација. Наредниот период ќе обезедиме и таблети за учениците кои пријавиле дека немаат можности да следат онлајн настава со што воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено, рече Велков.

Во образовните институции во Делчево, изминатиов период во партнерство на Општина Делчево со нво-секторот се доделени околу 70 таблети на ученици кои живеат во социјален ризик.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст