Градската капела дадена на користење на ЈКП „Брегалница“

  • Новости

Градската капела од денеска е дадена на користење на ЈКП „Брегалница“. Комисии од  Општина Делчево и од ЈКП „Брегалница“ извршија примопредавање на објектот и опремата во него. Како што истакнаа од ЈКП „Брегалница“ по завршување на административната процедура и утврдување на протоколот за работа на капелата , таа ќе биде ставена во функција. 

Инаку, за потребите на градската капела, Општина Делчево набави и соодветна опрема и инвентар, а наредниот период хортикултурно ќе се уредува просторот околу објектот, а ќе се изгради и паркинг-простор за лесни возила.

Изградбата на градската капела е инвестиција на Општина Делчево, вредна 7 милиони  денари со вклучен ДДВ.

Shares