Општина Делчево и годинава ќе додели 28 стипендии на средношколци и студенти

На 46 Седница на Советот на Општина Делчево, советниците ги донесоа одлуките за студентски и ученички стипендии. Согласно со одлуките и годинава Општина Делчево ќе додели 28  стипендии на ученици и студенти во 4 категории.

Во првата категорија ќе се доделат 10 стипендии кои се однесуваат на ученици од 2, 3 и 4 година кои учат во СОУ „М.М. Брицо“ и се со континуиран одличен успех од 4,50 до 5,00 чии родители се невработени, со ниски месечни примања или социјални случаи, опфатот на стипендиите се зголеми од 6 на 10 ученици, а износот на една стипендија е 1000 денари за период од 9 месеци во текот на учебната година.

Во втората категорија ќе се доделат 8 стипендии на ученици од 2, 3 и 4 година кои учат во СОУ „М.М.Брицо“ и се со континуиран одличен успех од 4,50 до 5,00, а во претходната учебна година освоиле најмалку една награда во поединечна категорија за освоено 1, 2 или трето место на државни или регионални натпревари. И во оваа категоирија е зголемен бројот на ученици кои ќе добиваат месечно по 1,500 денари за период од 9 месеци.

Општина Делчево ќе додели 6 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ кои ги исполнуваат условите: да се редовни студенти и со континуиран успех над 8,00 кои не повторувале во текот на студирањето, студенти чии родители се невработени со ниски месечни примања или приматели на социјална помош, студентите да се жители на Општина Делчево. Предност ќе имаат студентите кои не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција. Стипендијата е во висина од 2.000 денари месечно, а ќе се доделува во период од 9 месеци.

Исто така,  Општина Делчево ќе додели 4 стипендии на редовни студенти од сите студиски години, освен I (прва) кои студираат на државните универзитети во РМ и кои постигнале особено висок успех во студирањето, кои ги исполнуваат следните услови: да се редовни студенти од техничките науки и медицинските науки од сите студиски години, освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 8,00 и кои не повторувале во текот на студирањето, како и редовни студенти од општествените науки и факултетите од уметностите од сите студиски години, освен I (прва), со континуиран успех од најмалку 9,00 и кои не повторувале во текот на студирањето. Еден од условите е и студентите да се  жители на Општина Делчево, а предност ќе имаат студентите кои не се корисници на друга стипендија или кредит од друга институција. Стипендијата изнесува 3.500 денари месечно, а ќе се доделува 9 месеци.

Општина Делчево во наредниот период ќе формира Комисија која ќе ги изгради критериумите и ќе распише конкурс за доделување стипендии.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст