Нови можности за корисниците на услуги на ЈКП „Брегалница“ Делчево

Електронска наплата, брзо плаќање само со број на сметка, внесување состојба на водомер, како и пријавување проблем се низа функционалности овозможени од новата веб-страница jkpbregalnica.mk на Јавното комунално претпријатие „Брегалница“ Делчево. Покрај ова на страницата може да се најдат и информации за самото претпријатие, како и известувања, вести и информации поврзани со секојдневното работење и појавата на дефекти и прекини во водоснабдувањето.

Освен веб-страницата во делот за корпоративен развој од Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево во тек е ажурирање на податоците за корисниците, а неодамна е инсталиран и нов хардвер како и софтвер за подобрување на услугите кон потрошувачите на ЈКП Брегалница.

Во рамки на техничкиот дел на проектот во тек е избор на изведувач за изградба на пречистителна станица за вода за пиење, резервоари, подземни бунари како и фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, финансиран од Швајцарската Влада.

Во јануари 2021 се очекува распишување на тендер за поврзување на селата Габрово и Ѕвегор до новата станица, финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање.

Проектот за подобрување на водоснабдувањето во Делчево е во вкупна вредност од CHF 7’254’000.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст