Се гради терен за одбојка во ООУ „Ванчо Прке“

Во ООУ„Ванчо Прке“-Делчево завршува изграбата на теренот за одбојка. Како што информираат од училиштето во моментов се врши подготовка на теренот за асфалтирање на одбојкарското игралиште кое ќе биде со површина од 345 м-2.

Изградбата на одбојкарското игралиште во училиштето е дел од  проект за 2020 година, каде претходно беа реализирани зафати за реконсрукција  на кровот, прозорците и подот на спортската сала, реконструкција и изградба на пристапните  патеки кај главниот и задниот  влез на објектот, а беше поставена рампа за инвалидизирани лица .

Вкупната инвестиција на проектот е 2. 7 милиони денари, средства обезбедени од буџетот на училиштето.
Следните планирани активности на ООУ „Ванчо Прке“ е целосното завршување на дворната ограда, како и фасадата на училишната зграда, за која училиштето има добиено согласност од Фондот за капитални инвестиции од Светска банка.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст