СООПШТЕНИЕ ДО ГРАЃАНИТЕ: Учествувајте во креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година

Се известуваат граѓаните на Општина Делчево дека Општина Делчево објави јавна анкета со цел Вашите одговори да дадат насоки и предлози за креирање на Буџетот на Општина Делчево за 2021 гoдина.

Со пополнување на овој краток формулар на следниот ЛИНК директно учествувате во креирањето на приоритетите и Буџетот на Општина Делчево за 2021 година.

Воедно, ги информираме граѓаните дека е во тек подготовката на предлог-програмите на Општина Делчево за 2021 г. по одделенија и сектори. Во таа насока, Општина Делчево ги охрабрува граѓаните да доставуваат предлози во писмена форма или на е-маил info@delcevo.gov.mk.

Имајќи ја предвид состојбата со пандемијата, оваа година форумите за креирање на Буџетот и на програмите на Општина Делчево нема да се одржат. Во тој контекст, планирани се средби со претставници од месните и урбаните заедници во општината, како и зум-состанок на кој би се вклучиле сите заинтересирани граѓани, претставници од институции и од невладин сектор. За термините на одржување на овие средби дополнително ќе ве известиме.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст