Јавен повик за волонтери

  • Новости

Општина Делчево објави Јавен повик за организирање волонтерска работа и ангажирање на 10 волонтери со цел мапирање на семејствата и на лицата кои се во изолација и на кои им е потребна услуга од достава на намирници, лекови, средства за дезинфекција и сл.

Волонтерите доброволно го посветуваат своето време заради заедничко добро и без финансиска добивка. Силната волонтерска култура дава подобри резултати за луѓето, заедниците и природната средина, го помага давањето услуги и го подобрува менталното здравје и добросостојбата на самите волонтери.

Во услови кога живееме со мерки за спречување на појавата и ширењето на коронавирусот и голем број семејства се во изолација, волонтерството е соочено со предизвик и има посилен мотив за реализација на волонтерски активности.

Волонтерската работа може да се врши лично, по телефон или преку интернет, а кандидатите кои ќе поднесат барање за волонтерство во Општина Делчево траба да имаат завршено најмалку средно образование .

Барањето за волонтерство во Општина Делчево ,заинтересираните кандидати можат да го поднесат заклучно со 18 декември 2020 година до 15.30часот.

Повеќе информации за Јавниот повик за волонтерство ќе добиете нa следниот ЛИНК, а лице за контакт е Џулиета Мемедова, тел 078/338-180 и на емаил: julietamemedova@hotmail.com.

Shares