Соопштение за онлајн буџетски форум

  • Новости

Општина Делчево ги информира заинтересираните граѓани, претставниците од месните и урбаните заедници, претставниците од НВО-секторот, организации и правни лица дека организира Форум за општински Буџет на виртуелната платформа ЗУМ на 15.12.2020 година (вторник) со почеток од 11 часот на следниот ЛИНК.

Буџетскиот форум е дел од активностите на Општина Делчево во насока на поголемо учество на граѓаните во крирање на Буџетот за 2021. Во тие рамки, изминатиот период беше спроведена и јавна анкета, а беа доставени и писмени предлози од месните и урбаните заедници.

Во рамките на Буџетскиот форум ќе се презентира Нацрт-буџетот за 2021 г на Општина Делчево, актуелните и планираните проекти на Општина Делчево, а се очекува на форумот да се дефинираат најзначајните приоритети и потреби за 2021 г.

Shares