Мобилната апликација за агрометеоролошката станица достапна за земјоделците

  • Новости

Земјоделците од Делчево ќе можат да ги користат податоците од агрометеоролошката станица поставена во с. Тработивиште во близина на филтер- станицата преку мобилната апликација кој е достапна за сите заинтересирани. Преку оваа апликација земјоделците ќе добиваат информации за навремена заштита на земјоделските култури од атмосферските влијанија, како и да ги планираат сите агротехнички мерки што треба да ги преземат во одреден период од годината. Уредите што ги содржат станиците ги мерат температурата и влажноста на воздухот, брзината и правецот на ветерот, количината на врнежи, соларната радијација, влажноста на листовите на растенијата, како и температурата и влажноста на почвата.

Софтверот од агрометеоролошката станица на секои 10 минути ги мери и ги запишува податоците кои потоа се трансферираат на серверот од каде се праќаат на мобилната апликација која е достапна за сите граѓани и веб-платформа која е специјализирана за земјоделците.

Со цел, да може да се користат податоците, од поставената агрометеоролошка станица на следниот линк, може да преземете упатство за инсталација на мобилната апликација.

Изминатиот период Бизнис- центарот во рамките на Центарот за развој на Источно- планскиот регион, организираше повеќе обуки за користење и десиминирање на информациите од агрометеоролошките станици и тоа со номинираните лица од секоја општина и засегнатите страни, земјоделци на ниво на општина.

Вакви агрометеоролошки станици за заштита на земјоделски култури и животна средина во ИПР беа поставени во сите општини од регионот.

Средствата на проектот се обезбедени преку Програмата за одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој, а финансиран од страна на Швајцарската агенција за развој и соработка и Министерството за локална самоуправа.

Упатство за инсталација на апликација Метеобот

Shares