Дезинфекција на јавните објекти во Делчево

Екипи на ТППЕ Делчево синоќа извршија дезинфекција на влезовите на јавните објекти, како дел од редовните активности кои ги презема Општина Делчево во рамките на Оперативниот план на Општина Делчево за спречување и заштита од ширењето на ковид-19. Во акцијата беа опфатени влезовите на банките и маркетите, каде вообичаено има поголема фреквенција на граѓани.

Согласно со Оперативниот план, Општина Делчево врши и редовна дезинфекција на просториите на Општина Делчево, дезинфекција на влезовите на јавните установи, контрола на примената и почитувањето на мерките за спречување на ширењето на заразата, контрола на економските оператори за превоз на патници (такси и линиски превознизи. Исто така, редовна дезинфекција се врши и на градскиот пазар, а доколку дозволат временските услови, дезинфекција се врши и на фреквентните улици во градот и населените места.

Инаку, од денеска на сила се нови рестриктивни мерки донесени од Владата, по препорака на Комисијата за заразни болести, а со цел спречување на ширењето на коронавирусот. Со мерките кои ќе бидат на сила до 20 јануари, работното време на угостителските објекти е до 18 часот, а се забранува и организирање и одржување прослави на претстојните новогодишни и верски празници.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст