Утврдени стипендистите на Општина Делчево

  • Новости

Комисијата за доделување ученички стипендии ја утврди листата  ученици кои ќе добиваат ученички стипендии за учебната 2020/2021 година согласно со Конкурс за доделување ученички стипендии на одлични ученици од СОУ „М.М.Брицо“.

Општина Делчево за учебната 2020/2021 година додели 18 стипендиии за ученици кои учат во СОУ„Методи Митевски Брицо“ во две категориии.

Во првата категорија  10 стипендии за одлични ученици  од социјално ранлива категорија со просек (4.50 -5.00) во износ од 1000 денари месечно за период од 9 месеци и во втората категорија се доделени 8 стипендии на ученици кои постигнале особено висок успех, а износот на стипендијата е 1500 денари месечен износ за период од 9 месеци.

Прва категорија на стипендиии добија учениците:

1.Анакиевска Ана ученичка во IV-2 клас

2.Елена Ѓеорѓиева ученичка во III клас

3.Мирчевска Аница ученичка во IV клас

4.Крстевска Тамара ученичка во III 2 клас

5.Димитровска Глорија ученичка во III 2 клас

6.Аралампиевска Софија ученичка во III 2 клас

7.Антонела Арсовска ученичка во IV 2 клас

8.Давид Михајловски ученик во II 2 клас

9.Ана Манасиева ученичка во III 4 клас
10.Кристина Новоселска ученичка во III 4 клас.

  Втора категорија стипендии добија учениците :

1.Марија Мишева ученичка во III 1 клас

2.Лора Велевска ученичка во IV 2 клас

3 Цонев Антониј ученик во III 1 клас

4.Фросина Мулачка ученичка во IV 1 клас

5.Александар Ангеловски ученик во II 1 клас

6.Ана Телетанска ученичка во II клас

7.Христијан Симоновски ученик во III клас

8.Андреј Милчевски ученик во II клас

Стипендиите ќе се исплаќаат период од 9 месеци, а исплатата започнува од јануари 2021 г.

 Студентски стипендии

Комисијата за доделување студентски стипендии на Општина Делчево, врз основа на пристигнатите апликации по Конкурсот за доделување стипендии на студенти од Делчево кои студираат на државните универзитети, како и врз основа на Одлуката донесена од Советот на Општина Делчево, одлучи наместо 4, да додели 6 стипендии во категоријата за студенти кои студираат на државните универзитети во Република Северна Македонија, а кои постигнале особено висок успех во студирањето.

 Износот на стипендијата е 3500 денари месечно, а ќе се исплаќа за период од 9 месеци започнувајќи од јануари 2021 г. 

Студенти кои добија студентски стипендии

1. Мери Мицевска Економски факултет IV година

2. Бојана Захариева Факултет за дизајн и технологиии на мебели ентериер III година

3. Бојана Симевска Медицински факултет III година

4. Бојана Манасиева Медицински факултет

5. Мартина Георгиева Архитектонски факултет IV година

6. Ана Стојанова Факултет за природни и технички науки.

Во првата категорија стипендии согласно со Конкурсот, а кои се однесуваа за студентите кои спаѓаат во групата социјално ранлива категорија, нема апликации по Конкурсот.

Shares