Ќе се градат скејт-парк и две фонтани во Делчево

  • Новости

Општина Делчево објави поедноставена отворена постапка за јавна набавка на услуги „Проектирање скејт парк и две фонтани“. Локациите на двете фонтани се предвидени во централното градско подрачје и тоа, едната фонтана пред споменикот на паднатите борци, а втората во градскиот парк пред летната сцена, додека локацијата за скејт-паркот е во населбата СРЦ во непосредна близина на градската спортска сала. За реализација на набавката се обезбедени средства од Буџетот на Општина Делчево за 2021 година во висина од 1.000.000,00 денари без вклучен ДДВ, а при бодувањето на понудите, 70 бода ќе носи цената, а 30 бода квалитетот. Цената ќе се добие на е-аукција.

Рок за изработка на проектите: 45 работни дена за двата проекта. Проектите мора да содржат:

– фаза архитектура

-фаза статика

– фаза електрика

– фаза водовод и канализација

Постапките ќе се водат преку системот е- градежна дозвола. Деталните информации се опфатени во проектните задачи кои се дел од тендерската документација. Електронско отварање на ЕСЈН ќе биде на ден 09.02.2021 година. Повеќе информациите на следниот линк.

Shares