Објавени јавните повици за финансирање спортски здруженија и клубови, како и за финансирање граѓански здруженија

Општина Делчево денеска ги објави двата јавни повици за доделување финансиска помош во двете категории: спорт и граѓански сектор.

Годинава во Буџетот на Општина Делчево за оваа намена се предвидени вкупно 1,2 милиони денари кои ќе бидат трансферирани до спортските здруженија,клубови и сл, но и до граѓанските кои функционираат на територијата на Општина Делчево. Од овие средства 800.000 денари се наменети за спортските здруженија, клубови,правни лица, додека 400.000 денари ќе се распределат на граѓанските здруженија.

Согласно со Правилникот за условитеначинот и постапката за доделување финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженијаправни лица во областа на спортот и здруженија на граѓани (Сл.гласник на Општина Делчево бр.2/2018) право на учество на повикот имаа сите граѓански здруженија кои се регистрирани на подрачјето на Општина Делчевоа приоритетни области и цели за финансирање проектни и програмски активности  се: локалниот економски развој; техниката; образованието; културатауметностасоцијалната заштитазаштитата на животната средина. Предност ќе имаат настани кои се спроведуваат на територијата на Општина Делчево, а право на учество имаат сите здруженија на граѓани кои се регистрирани во согласност со Законот за здруженија и фондации, најмалку 2 години пред објавувањето на повикот и да дејствуваат на територијата на Општина Делчево.

Исто така, право на учество имаат сите спортски клубови и спортски здруженија кои ги исполнуваат условите: да се регистрирани во согласност со закон, односно да поседуваат решение за регистрација; да дејствуваат на територија на Општина Делчево; спортските клубови во рамките на основните училишта и средното училиште на територија на Општина Делчево, како и правни лица кои ќе организираат спортски манифестации на територијата на Општина Делчево, а кои придонесуваат за развојот на спортот на локално ниво.

Пријавата заедно со документација се доставува до Aрхивата на Општина Делчево, по пошта или во електронска форма.

Рокот за пријавување е 15 дена, односно од 15.02.2021 до 01.03.2021 г.

Подетални информации за јавните повици можете да добиете на следниве линкови.

Јавен повик за доделување на финансиска помош на здруженија на граѓани од Општина Делчево за 2021 година

ЈАВЕН ПОВИК за доделување на финансиска помош на спортски клубови, спортски здруженија и правни лица во областа на спортот од Општина Делчево за 2021 година

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст