Делчево одбележа 77 години од Февруарскиот поход

  • Новости

Со пригодна свеченост Делчево одбележа 77 години од успешното изведување на Февруарскиот поход кој имал големо политичко и воено значење за текот на НОВ во Македонија.

По тој повод делегација од Општина Делчево, предводена од градоначалникот Горан Трајковски, делегација од Советот на Општина Делчево, предводена од претседателот на Советот, Драган Маневски, претставници од политички партии, институции, здруженија на граѓани се поклонија и свежо цвеќе положија пред спомен-обележјето поставено во чест на Февруарскиот поход на планината Голак.

Членови од КУД „Гоце Делчев“ преку рецитал потсетија на историските факти кои го одбележаа овој стратешки поход изведен во 1944 г. и борбените операции на Третата борбена единица во регионот на Голак, Беласица, Плачковица и Осогово.

Поради ковид-пандемијата, годинава не се организираше традиционалниот планинарски марш.

Shares