50 Седница на Советот на Општина Делчево: Усвоен 4 Квартален извештај; Формирано Партиципативно тело за урбанистичко планирање во Делчево

На 50 Седница на Советот на Општина Делчево, советниците го усвоија Кварталниот извештај за 4 квартал од 2020 година. Согласно со образложението дадено од раководителот на Секторот за финансии и буџет, Шабан Багашов, извршувањето на приходите во Буџетот на Општина Делчево за четвртиот квартал од 2020 година, изнесува 87,5%, односно од вкупно планираните 302,113,900 ден. приходи за четвртот квартал се реализирани 265,429,977 денари. Од нив, во Основниот буџет, од планирани 78.677.000 денари се реализирани 72.073.000 ден. или 91,60%. Во Буџетот на дотации од планирани 173,505,900 денри приходи реализирани се 160,025,395 или 92%, во Буџетот на донации од планирани 6,927,000 реализирани се 5,767,188 ден. или 83,4% и во Буџетот на самофинансирачки активности од планирани 16,367,000 реализирани се 6,475,074 денари, или 33,4 %. Анализата на Основниот буџет покажува дека даночните приходи се наплатени во износ од 35,152,002 ден. од вкупно планирани 34,342,000 ден. или 102%, најголема наплата е наплатата од даноци на имот и тоа во износ од 13461,324, од даноци од специфични услуги во износ од 18,224,493. Неданочните приходи се наплатени во износ од 1,730,963 ден. од вкупно планирани 2,035,000 ден. (85 %) и тоа се приходи од административни такси и надоместоци.

Капиталните приходи се наплатени во износ од 4,472,287 ден. од вкупно планирани 4,105,000 ден. или 108 %. Трансферите од донации се реализирани во износ од 198.019.936 денари од вкупно планираните 223.627.900 или 88,5 % и тука спаѓаат средствата добиени по основ на дотации на општината од приходи од ДДВ.

Вкупните расходи се планирани во износ од 302,113,900 ден. Од нив се реализирани 263,140,000 ден. или 87 %. Расходите во Основниот буџет од вкупно планирани расходи во висина 78,677,000 ден. се реализирани 72,073,000 ден.или 91,6%. Капиталните расходи се реализирани во износ од 27,360,359. од планираните 31,065,000 и најголем дел од нив се исплатени за реконструкција на улици и патишта, изградба на капела, за изготвување проекти за изградба или реконструкција на улици и патишта и надомест за одземен имот.

На Седницата, советниците го формираа и Партиципативното тело за урбанистичко планирање заради обезбедување инклузивност, партиципативост и јавност, како и за обезбедување поголема вклученост, учество и придонесување на граѓаните во процесот на урбанистичкото планирање. Партиципативното тело на Општина Делчево е составено од сите членови на Комисијата за урбанизам во Општина Делчево, стручни лица вработени во Општина Делчево што го изработуваат урбанистичкиот план кој е предмет на расправа, како и Ангелчо Ивановски, вработен во ГЕО ИНГ ДОО, Гоце Попов од ДПТУ ГП АРХИТЕКТИ ДОЕ, Родне Деолска од Регионалниот центар за застапување, Горан Димитровски од ООУ „Св.Климент Охридски“, Горан Велков од ООУ „Ванчо Прке“, Роза Стоименовска од СОУ „М.М.Брицо“, Стојче Стојковски од ЈКП „Брегалница“ и Стојан Стојчевски.

Членовите на Партиципативното тело се именуваат за период од 4 години, а ова тело има право да присуствува и да учествува во расправа на сите седници на Советот на кои ќе се расправа за утврдување нацрст урбанистички планови, донесување урбанистички планови, донесување годишни програми за урбанистичко планирање на територијата на и сл.Општина Делчево. Советниците го усвоија и Деловникот за работа на Партиципативното тело на Општина Делчево.

Покрај другите точки на Дневниот ред, советниците ја донесоа и Одлуката за резервирање средства за експропријација во Буџетот на Општина Делчево за 2021 г. во износ од 2.000.000 денари.

На Седницата се донесе и Одлука за ослободување од плаќање закупнина и се отпишаа побарувањата на лицата кои имаат потпишано Договор со Општина Делчево за закуп со Општина Делчево за објектот „Воено купатило“, на закупците Сејдо Зекиров и Ферди Ибраимов. Со Одлуката се отпишаа побарувања во износ од 58.918 ден и 44.000 денари. Според образложението, оваа Одлука се носи поради тешката финансиска состојба на семејствата.

Советниците одобрија и парична помош по барање на Црвен Крст на РСМ- Општинската Организација Делчево во износ од 30.000 денари, средства кои ќе бидат наменети за набавка на нов инвентар потребен за вршење обука за прва помош за работни организации и возачи на територијата на Општина Делчево.

Меѓу другите точки, советниците донесоа Одлука за проширување на средствата на Буџетот на Општина Делчево за 2021 година; се усвои и Извештајот за реализацијата на Програмата за јавна чистота за 2020 година, а се донесе и Програмата за јавна чистота за 2021 година, како и Извештајот за реализација на Програмата за управување со отпад за 2020 година и Програмата за управување со отпад за 2021 година; Полугодишните извештаи за работата и постигнатите резултати во двете основни училишта во Делчево.

0Shares
0
Големина на фонт
Контраст