Се градат улици во село Град

Се интензивира изградбата на улиците, крак 2 и крак 3 во селото Град. Во моментов се подготвува теренот за асфалтирање на улиците кои се со вкупна должина од над 400 метри.

Денеска увид во работите на терен изврши градоначалникот Горан Трајковски кој истакна дека интензивно се работи на подобрување на квалитетот на животот во населените места во Делчево.

 -Работиме за подобрување на квалитетот на животот на сите жители на нашата Општина, со оваа инвестиција се решава децениски проблем во село Град, така што жителите повеќе нема да газат кал или да живеат во прашина. Моите заложби се да ги решаваме приоритетите на жителите во секое населено место, истакна градоначалникот  Трајковски.

Во таа смисла, Трајковски најави и нови инфраструктурни проекти и во останати селски населби во општината.

 -Со подобрување на временските услови започнуваме со реализација на она што е проектирано во буџетот, а што се однесува на подобрување на животот на жителите и од останатите селски населби, каде ќе решаваме голем број инфраструктурни проекти предвидени со годишната програма за работа, додаде Трајковски.

Финансиските средствата за овој инфраструктурен проект се обезбедени од општинскиот Буџет.

0Shares
0